Насловна / Архитектура / Катар 2022: Модернизираниот национален стадион подготвен за Светското првенство (ВИДЕО)

Катар 2022: Модернизираниот национален стадион подготвен за Светското првенство (ВИДЕО)

Khalifa International Stadium во Доха е реновиран за да се користи како една од осумте спортски арени на кои ќе се одржи претстојното Светско првенство во фудбал во Катар.

3

Отворен во 1976 година, националниот стадион на оваа полуостровската земја го реновирал неговиот оригинален архитект, Dar Al-Handasah, за објектот да биде во целосна функција за турнирот, кој ќе трае од 20. ноември до 18. декември.

1

КАПАЦИТЕТОТ ЗГОЛЕМЕН НА 40.000 МЕСТА

Обемното реновирање на стадионот завршено е во 2017 година и вклучувало додавање на 12.000 седишта, со што неговиот капацитет ќе достигне 40.000 за да ги исполни стандардите на ФИФА.

Како прв објект подготвен за Светското првенство 2022 година, Khalifa International Stadium ќе биде домаќин на натпреварите до и вклучувајќи го плеј-офот за третото место, пишува Dezeen.

2

Измените на надворешноста на стадионот вклучуваат додавање на настрешница, која се протега помеѓу два лака преку кровот – најпрепознатливата карактеристика на објектот.

Ова воведено е и за да им помогне на навивачите и играчите да бидат олладени на трибините и на теренот за време на турнирот, во тандем со новиот и модернизиран систем за ладење на стадионот.

ДОМАЌИН НА БРОЈНИ ГОЛЕМИ НАСТАНИ

Останатите надворешни промени на зградата вклучуваат ажурирање на нејзината фасада, која е модернизирана со современо дигитално осветлување за да се анимира ноќе за време на турнирот.

4

Внатре, големите промени на стадионот вклучуваат додавање на 12.000 седишта во горните нивоа. Воведени се и голем број угостителски објекти.

Од отворањето во Доха пред 46 години, Khalifa International Stadium бил домаќин на бројни големи настани, вклучувајќи го Купот на Персискиот залив, Азиските игри и Светското атлетско првенство IAAF.

Се наоѓа на 10 километри од центарот на градот Доха и е дел од Aspire Zone – област создадена за Азиските игри во 2006 година, која исто така вклучува парк, центар за водени спортови и повеќенаменска спортска сала.

Останатите стадиони завршени за Светското првенство ги вклучуваат стадионот Lusail од Фостер + Партнерс и стадионот Al Janoub проектиран од AECOM и Zaha Hadid Architects.

Архитектот на националниот стадион Dar Al-Handasah исто така го проектирал и стадионот Al Bait, кој се базира на bait al sha’ar – шатори кои ги користат номадските народи на Катар.

Испрати коментар

Scroll To Top