Насловна / Вести / Пентхаус за одмор на пилот

Пентхаус за одмор на пилот

Резиденцијата W, која се наоѓа во Qinpu на Тајван е проектирана за одмор на пилот, кој поголемиот дел од својот живот го поминува во авион…

11

Како резултат на својата професија, пилотот копнеел по оаза каде што може да се опушти и да се одмора меѓу своите патувања. За да му ја исполнат желбата, архитектите од бирото fws_work креирале топло, смирувачко опкружување, користејќи природни материјали и неутрални бои.

14

Во основата на овој дизајн се ѕидови од гипс и даб, придружени со елементи од плетени трски, ребресто стакло, плочки обоени со техника на енкаустика и слоевити парчиња мебел. Ормарите правени по нарачка, кои можат да се видат низ внатрешноста на овој дом, го издигнуваат просторот на ново ниво.

15

Кујната се карактеризира со несекојдневен амбиент, благодарение на црните кујнски елементи, црните ѕидни плочки, кожните рачки и работните површини од камен, додека една од кабините има ратан врати, кои одлично ги истакнуваат стаклените парчиња и приборот за јадење сместени во позадина, кои дополнително се истакнуваат со осветлувањето на полиците, кое се наѕира низ перфорациите.

16

17

Главниот сегмент на овој дом ги комбинира кујната, дневната соба, трпезаријата, влезниот дел и катчето за читање во еден голем, отворен простор, кој зрачи со гостопримство и амбиент кој повикува на релаксација по долгиот напорен работен ден.

9

Ниска дрвена преграда ја одвојува работната зона од дневната соба и катчето за читање. Вградената полица за книги има доволно капацитет за складирање на сите теми и доволно простор за сувенири купени за време на обиколувањето на светот. Оригиналниот носечки ѕид е обложен со дабови панели кои совршено го маскираат, истовремено играјќи ја улогата на визуелна сепарација помеѓу просторите наменети за акција и релаксација.

13

Ходникот води до две спални соби и една просторија со повеќе функции во која се наоѓа ѕид од плетена трска, дозволувајќи и на природната светлина да продре во ходникот.

Пентхаусот е наместен во машки стил, и е совршен за одморот на овој светски патник…

8

5

4

3

12

7

6

10

Испрати коментар

Scroll To Top