Насловна / Вести / ЕИБ со поддршка за зелената транзиција на Западен Балкан

ЕИБ со поддршка за зелената транзиција на Западен Балкан

На самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан 2022, потпретседателката на Европската Инвестициска Банка (ЕИБ), Лилјана Павлова, ја потврдила поддршката на банката на Европската унија за зелената транзиција и енергетската сигурност на регионот.  Во склоп на својот нов наменски огранок, EIB Global, банката ја зголемила финансиската и техничката поддршка со цел помош на напредокот на регионот во реализацијата на Зелената агенда, диверзификацијата на енергетските извори и зголемување на отпорноста на климатските промени. Повикувајќи се на енергетскиот пакет за Западен Балкан, кој неодамна го најави претседателката на Европската комисија, Павлова ја гледа оваа иницијатива како јасна демонстрација на солидарноста на ЕУ со регионот.

wb1

Во соработка со Европската комисија и другите партнери, EIB Global активно работи на развој на низа инвестиции во обновливи извори на енергија во регионот. Истовремено, ЕИБ развива иновативни финансиски инструменти за поттикнување на чистата енергија, прилагодување на климатските промени и зелениот технолошки развој во регионот, како и за стимулирање на инвестиции на приватниот сектор во зелена и дигитална транзиција.

wb2

Во 2022 година, EIB Global обезбедил осум технички грантови во износ од над осум милиони евра во склоп на својата Иницијатива за економска отпорност за проекти од областа на енергетската ефикасност на Западен Балкан, вклучувајќи го и проектот за социјално домување во Тирана и системот за далечинско греење во Приштина. EIB Global од 2009 година до денес во земјите од Западен Балкан има инвестирано 9,5 милијарди евра, придонесувајќи во развојот на виталната инфраструктура, растот на приватниот сектор, како и сигурноста на енергетската мрежа.

EIB_EU_SLOGAN_A_French_4c

 

Испрати коментар

Scroll To Top