Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој (ЦеПроСАРД) организира втор циклус обуки за енергетски контролори со почеток од 26 мај 2014 година.
На обуката за енергетски контролор рокот за пријавување е 22 мај, а можат да се пријават кандидатите што ги исполнуваат следните услови:
1. Да има најмалку високо образование од техничка насока,
2. Да има најмалку пет години работно искуство во струката на работи на проектирање, надзор и одржување на градежни објекти, испитување на енергетски или процесни постројки, вршење на енергетски контроли или други енергетски услуги или работа на стручни или научни дејности од областа на енергетиката.
Обуките ќе се одржуваат во согласност со пропишаната Програма и времетраење од 90 часа, од кои 63 за теоретска настава и 27 практична работа, а ќе се реализираат најдоцна во рок од 60 дена од денот на започнувањето. Истите ќе ги води тим искусни обучувачи од релевантните струки.
Цената на чинење на обуката изнесува 18.000 денари.