Насловна / Вести / Есенските градини ве канат на (заслужен) одмор и опуштње

Есенските градини ве канат на (заслужен) одмор и опуштње

Што друго можете да направите за вашата градина за време на есента? За почеток, заменете ги летните растенија со уморен изглед со есенски украсни треви кои се идеални сопатици во текот на постудените есенски денови. Доколку сте љубители на зеленчук и имате насади, сега е вистинско време да распоредите тикви и тиквички, а со суви стебленца од пченка да декорирате столбови, светилки или куќички за птици.

1_resize

06

И не заборавајте да се забавувате. Исечете гранчиња онака како што одговараат на вашиот простор или едноставно користете надворешен есенски декор за да ја декорирате вашата трпезариска маса и да уживате во сезонска боја.

2_resize

Почастете ја вашата градина со малку оган. И не, не мора нужно да е скара. Едно убаво ложиште опкружено со столици или мала преносна огнена чинија може да биде идеален придружник во студените есенски вечери. Поставете го огнот на терасата или во дворот, или во секој случај каде што веќе има место за седење. Најдете време да се соберете со семејството и пријателите и да се потсетите на летните авантури.

000_resize

Посетете и некој локален расадник и засадете нови примероци што е можно поскоро и добро залевајте ги додека не влезат во состојба на мирување.

4_resize

Сега, кога времето е поладно, вистинско време е да се поделат и преместат повеќегодишните растенија. Направете го тоа барем неколку недели пред првиот мраз за да им дадете на растенијата време да се опорават од шокот и да создадат нови корени.

6_resize

8_resize

Есента е исто така време да се садење луковици кои цветаат на пролет. Засадете миризливи цвеќиња како нарциси или зумбули во близина на влезот во вашиот дом каде најмногу ќе уживате во мирисот.

00_resize

02_resize

Избришете го мебелот за вашата градина и уредете ја терасата за секогаш да имате место каде да испиете шолја кафе или топол чај. Исчистете ја вишокот нечистотија од градинарскиот алат и металните делови премачјакте ги со уље за да спречите ‘рѓа. Чувајте ги алатките на ладно и суво место. Раздвојте ги цревата и покријте ги заедно со славините со добар изолационен материјал за да не замрзнат во наредните денови.

И за крај – излезете во вашата есенска градина и земете длабоко здив. Време е за опуштање и уживање.

7_resize

9_resize

03_resize

5_resize

10_resize

Испрати коментар

Scroll To Top