Новиот блок во словачката нуклеарна електрана Mochovce, единицата бр.3, со инсталирана моќност од 471 MW, ги прави подготовките за пуштање во редовна работа. Пуштањето во погон на овој енергетски капацитет е планирано за почетокот на 2023 година. Блокот ќе произведува годишно околу 3,7 TWh, покривајќи 13% од словачката потрошувачка на електрична енергија. Компанијата која управува со оваа електрана е во заедничка сопственост на словачката влада, италијански Enel и чешката енергетска група EPH. „Контролираната фисиска реакција веќе е во тек во реакторот, иако неговата моќност е многу блиску до нула“, изјавил генералниот директор на Slovenské elektrárne.
Новиот словечки нуклеарен блок, наскоро почнува со работа
Реакторот треба да биде во полна моќност на почетокот на 2023 година. Технологијата на Mochovce се базира на изворниот советски VVER дизајн со системи з ауправување на Siemens и Arevа. Кога ќе биде довршен и блокот 4 кој сеуште е во изградба, за околу 2 години, се очекува Словачка да стане нето извозник на електрична енергија.