Насловна / Ентериери / Кожни тапети

Кожни тапети

kozni tapeti_1

Италијанското дизајнерско студио познато по своите кожни ентериерски решенија Studioart, ја претстави новата City колекција на софистицирани ентериерски елементи.

Со користењето на новите материјали и оригинални опции, со спојувањето на боите и стиловите, Studioart создава оптички ефекти на површините, кои ја истакнуваат и ги подобруваат природните карактеристики на кожата. City колекцијата претставува исклучителен технички квалитет, и идеален избор за сите видови на ентериери.

Достапна во широк спектар на бои, City е водечка колекција во поглед на траењето, хемиските и физички отпорности и одличното ниво на сигурност.

City колекцијата гарантира одлична отпорност на светлината благодарение на специјалните третмани со заштитини материи. Производот во себе користи огноотпорни адитиви за да се зголеми отпорноста од оган. Тоа е всушност техничката и естетска одлика поради која оваа колекција е погодна како за индустриска употреба така и за други јавни простори, канцеларии и бањи.

Кожните тапети од оваа колекција, исто така, може да се користат и како подни елементи во собите. И покрај добрата отпорност на светлина, сепак треба да се избегнува директното изложување на сонце.kozni tapeti_3 kozni tapeti_2 kozni tapeti_4

Испрати коментар

Scroll To Top