Денес, екипите од ЈП „Охридски комуналец“ започнаа со најавеното сечење на липите на улица „Партизанска“ и реконструкција на дрворедот. Липите ќе бидат заменети со украсни дрвја од видот лигуструм.
Искуството со дрворедот на улица „Димитар Влахов“ покажа дека овие дрвја што имаат декоративен изглед се отпорни на временски промени, аерозагадувања и заболувања и немаат длобок корен, велат од јавното претпријатие.