Насловна / Арт и дизајн / Колекција чинии вистински уметнички дела за домот

Колекција чинии вистински уметнички дела за домот

При креирањето на колекцијата Shou Sugi Ban, дизајнерите од студиото A Space изобилство инспирација нашле во работата на скулпторот Исамуа Ногучи, посебно фокусирајќи се на делото „The Sculptor and the Ashtray“, проект кој истражува два спротивни концепти.

2_resize

3_resize

Првиот концепт бил рачно изработен и содржел девет модели од гипс кои ја инспирирале оваа колекција, додека вториот бил создаден за масовно производство, но бил за тоа премногу комплексен. На крајот, ниту еден концепт не бил целосно реализиран, а желбата на Ногучи да создаде „евтини работи за пошироките народни маси “ никогаш не се остварила.

5_resize

6_resize

А колекцијата Space Shou Sugi Ban се состои од девет скулпторски дрвени чинии, при што секоја е изработена во серија од 10. Садовите традиционално се произведуваат користејќи рециклирано либанско кедрово дрво, додека рачно ги изработуваат вистински мајстори на занаетот.

7_resize

8_resize

Понатамошната инспирација која потекнува од делата на Ногучи е евидентна во користењето на позитивниот и негативниот простор. Мирисното кедрово дрво природно е исушено, што го прави секој сад одржлив, пред да се запали и затемни со помош на јапонската техника Шоу Суги.

1_resize

После тоа, чиниите се полирани, пескарени и покриени со слој од природен лак. Целата колекција Shou Sugi Ban е почит на квалитетните материјали, формата и функцијата на секојдневните предмети, преточена во уметнички дела за домот.

4_resize

10_resize

11_resize

12_resize

9_resize

Испрати коментар

Scroll To Top