Насловна / Вести / Прототип на ветерна турбина собори рекорд – 359MWh енергија за 24 часа

Прототип на ветерна турбина собори рекорд – 359MWh енергија за 24 часа

Шпанско – германската компанија Siemens Gamesa, која се занимава со производство на ветерни турбини за копно и море, соопшти дека прототипот на ветерната турбина SG 14-222 DD го соборила светскиот рекорд за најголема количина на произведена енергија во еден ден.  Имено, за 24 часа се произведени 359 MWh.

FILE PHOTO: A model of a wind turbine with the Siemens Gamesa logo is displayed outside the annual general shareholders meeting in Zamudio

SG 14-222 DD сега се изедначува според капацитетот од  14 MW со најголемите GE Haliade-X турбини, но сепак заостанува зад гигантската Vestas платформа со капацитет од 15 MW која е „светски првак“ на море и MingYang со инсталиран капацитет од 16 MW. Тоа што е посебно импресивно е фактот дека огромната ветерна турбина достигнала пресвртница само десет месеци откако првите произведени количества енергија ги предала на мрежа во тест центарот во Остерлид во Данска. Прототипот е фиксиран во центарот во ноември 2021 година а започнал да произведува електрична енергија еден месец подоцна. SG 14-222 DD е турбина од 14 MW, чиј ротор има пречник од 222 метри и B108 лопатки со должина од 108 метри кои можат да се рециклираат.

sg2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top