Насловна / Вести / Италија ја скратува грејната сезона и воведува нов температурен режим на греење

Италија ја скратува грејната сезона и воведува нов температурен режим на греење

Кога станува збор за греењето, Италија најави рестрикции за претстојната зима. Имено, грејјната сезона ќе биде сратена за 15 дена – одложување на почетокот на сезоната за 8 дена и завршување на сезоната 7 дена порано. Според уредбата на Министерството за еколошка транзиција, се воведуваат и промени во времетраењето на греењето во текот на денот, како и промени во температурниот режим. Така, дневниот период на греење ќе биде скратен з аеден час, а се ограничуваат и вредностите на внатрешната температура на максмални  18°C за компаниите, односно максимални 19°C за граѓаните. Ограничувањата нема да се однесуваат на болниците, градинките и базените, ниту на објектите чии системи за греење се базираат на обновливи извори на енергија.

heatingrestr

Испрати коментар

Scroll To Top