Град Белград, набавил 100 нови автобуси на гас, кои на градските улици ќе се најдат во втората половина на ноември. Станува збор за модерни автобуси, кои се зглобни и имаат голем капацитет. Претходно во февруари и март годинава, биле набавени 25 автобуси на компримиран гас, а планот е во наредните 5 до 6 години да се замени целата флота со еколошки прифатливи возила. Со последната набавка, веќе се исфрлаат од употреба возилата со мотори со „еуро 2“ стандард, а целта е да се исклучат од улиците и оние со „еуро3“ и „еуро4“.