Во наредните пет години Велика Британија и Франција ќе останат без нафта, гас и јаглен, покажал извештајот на Институтот за глобална одржливост, каде се потенцира дека недостатокот на овие енергенси ќе ја зголеми зависноста од Норвешка, Катар и Русија, пренесува BBC. Иако британската влада смета дека целосната енергетска независност е непотребна, според ова истражување Велика Британија има резерви од нафта за уште пет и пол години, јаглен за четири и пол години, додека без гас ќе остане за три години. Слична е ситуацијата и во Франција, чии резерви на фосилни горива ќе бидат исцрпени за само една година.
Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / За пет години Британија и Франција ќе останат без фосилни горива