Е.Д.Е.Н. во соработка со Охрид SOS организира работилница за изработка на пилот проект за пасош на Скопје. Учесниците ќе имаат прилика да се запознаат со процесите кои претходат на изработка на урбанистички планови, а се засноваат на претходна анализа на состојбите на дадената локација односно собирање, мапирање, анализа и обработка на податоци потребни за изработка на пасош на две градски четврти на територија на Општина Центар.
Во рамки на работилницата, свои предавања ќе одржат и Горјан Јовановски (МојВоздух) и Љубо Георгиев (Визија за Софија), кои ќе ги споделат нивните искуства во процесот на собирање, обработка и пласирање на податоци од отворен карактер, кои имаат за цел да ја информираат јавноста за квалитетот живот во нивните градски средини, но и да ги информираат сите засегнати чинители во процесот на изработка на урбанистички планови. Работилницата ќе ја водат Ана Рафаиловска, Милка Докузова, Биљана Насковиќ и Снежана Домазетовска.
Работилницата ќе се одржи на 7 и 8 октомври во просториите на EU House во Скопје. Отворена е за студенти по архитектура, млади архитекти и урбанисти, активисти и еко-ентузијасти. Пријавувањето на работилницата е преку формуларот подолу до 3.10.2022 година, а избраните кандидати ќе бидат известени на 4.10.2022 година.
Пријавување: https://forms.gle/