На неодамна одржаната изложба за иднината на сообраќајот во Кувајт, претставен е и необичниот дизајн на шпанскиот дизајнер Oscar Vinals. Концептот наречен Sky Whale е фокусиран на „зелен“ дизајн на авион кој ја претставува иднината на авионскиот сообраќај, а кој би можел да профитира од технолошките решенија кои се еколошки прифатливи, поефикасни и нудат максимални перформанси. Концептот е опремен со врвни технологии и од аспект на употребени материјали и од аспект на енергетска ефикасност и виртуелна реалност.
Авионот е долг 76,8 метри, би можел да достигне брзина од 997 km/h, и да прими до 755 патници. Sky Whale во суштина е дизајниран како луксеузен летечки хотел и има различни содржини. Патниците би биле поделени во туристичка, бизнис и прва класа. Највисоката класа би вклучувала и прозорци со поглед. Побарувачката за се поголеми патнички авиони опремени со врвна технологија е во пораст, така што овој концепт еден ден би можело да стане реалност.