Caracat е ново хибридно возило кое е претставено на Caravan Salon во Дизелдорф во Германија овој месец. Станува збор за возило кое на копно „игра улога“ на камп приколка, а на вода се „претвора“ во катамаран на електричен погон. Неговото име е комбинација од двете возила кои ги претставува – caravan и catamaran –а го осмислила германската компанија со исто име во Хајделберг, во соработка со компанијата Schneider Caravaning.
Постојат три различни верзии на ова возило: најмалата е со должина од 6,6 метри, средната со 7,6 метри, a најдолгата има 8,6 метри. Во нив може да преспијат 4 до 6 лица во зависност од моделот. Има и мини бања, кујна со неопходните апарати, како и клима уред. Почетната цена на ова хибридно возило е 130.000 евра, а со дополнителни функции и во зависност од моделот достигнува и до 300.000 евра.