Двата црногорски ветерни парка „Можура“ и „Крново“, во саботата на 17-ти септември, задоволиле 36% од потребите на земјата за електрична енергија. Според WindEurope, тој ден Црна Гора била трета во Европа според уделот на електрична енергија добиена од ветерните електрани. Во моментот Црна Гора ги има само двата споменати ветерни парка со инсталирана моќност од 72 MW („Крново“) и 46 MW („Можура“). Во план е изградба на ветерниот парк „Гвозд“ со инсталирана моќност од 54 MW, како и ветерниот парк „Браиќи“ од 100 MW.