Насловна / Вести / Европскиот парламент гласаше за зголемување на целите за обновливи извори и енергетска ефикасност

Европскиот парламент гласаше за зголемување на целите за обновливи извори и енергетска ефикасност

Европскиот парламент даде поддршка на ревизијата на Директивите за обновлива енергија и енергетска ефикасност , и предложи целите да се зголемат. Исто така, одлучено е да се определат ограничувања и постепено намалување на користењето на дрвна биомаса која се смета во обновливи извори.  Европскиот парламент сака употребата на „зелена“ енергија во периодот до 2030 година значително да се зголеми, а потрошувачката на енергенти да се намали. Парламентот гласаше за подигање на уделот на обновливи извори во финалната потрошувачка на енергија во ЕУ од 40 на 45%, во склоп на постапката за ревизија на Директивата од 2018 година. Европската комисија во својот пакет REPowerEU ја предложи истата амбиција.

euparl1

Во одвоено гласање, парламентарците ја поддржаа ревизијата на Директивата за енергетска ефикасност со која се одредуваат целите за заштеда на енергија во финалната и примарната потрошувачка. Имено, финалната потрошувачка на енергија треба да се намали за 40% до 2030 година, а примарната за 42,5% до 2030, во однос ан нивото од 2007 година. Државите членки треба да ги определат своите обврзувачки национални придонеси. Минатата година европската комисија го усвои пакетот Fit-for-55, замислен да ја насочи унијата кон намалување на емисиите за најмалку 55% до крајот на деценијата.

EP-136220E_Plenary_15_Votes

Испрати коментар

Scroll To Top