По прв пат во автомобилската индустрија, моделите NEUE KLASSE на BMW кои ќе бидат лансирани од 2025 година, ќе имаат украсни делови направени од пластика чија суровина содржи околу 30% рециклирани рибарски мрежи и јажиња. Оваа суровина проактивно се набавува во пристаништата ширум светот, со цел да се осигура дека таа нема да се фрла во морето. По процесот на рециклирање, компонентите имаат прилижно 25% понизок јаглероден отпечаток во однос на оние направени со конвенционално произведена пластика.
Компанијата BMW со различни пристапи работи на користење на пластичниот отпад од поморската индустрија за компоненти на возилата, со цел заштита на ресурсуте и намалување на емисиите на CO2. Од рециклираниот отпад во BMW веќе се прават патосници, а материјалот е познат како ECONIL. Во новата иницијатива на оваа компанија се оди и чекор понатаму, па гранулите од вака рециклираниот отпад с екористат како влезен материјал во постапките на екструзија и изработка на различни компоненти за автомобилите.