После две години планирање, започна изградбата на новиот станбен проект во 22-рот округ во Виена – Donaustadt. Станува збор за иновативен пример за домување со висок квалитет на живот, кој ќе се реализира на земјиште со значителна површина во близина на автобуски и станици на метрото, но и образовни институции и рекреативни зони. Просектот опфаќа десетина згради со 557 субвенционирани станови, 31 деловен простор, детска градинка, здравствена установа и зелени површини за дружење и игра.
Посебноста на овој станбен комплекс под името Campo Breitenlee е во иновативниот енергетски систем кој произведува енергија исклучиво од обновливи извори. Енергијата ќе се произведува локално, и тоа во поголем обем на годишно ниво отколку што може да се потроши. Емисиите на CO2 ќе бидат сведени на нула. Тоа ќе се овозможи со геотермални топлински пумпи, фотонапонски системи и енергетски ефикасна градба на објектите.
Град Виена во изминатите години превзема важни чекори во насока на еколошки прифатливо снабдување со енергија, а новиот проект е голем придонес за иднина без фосилни горива. Внимателно промислениот концепт ќе биде целосно изграден и функционален во 2024 година.