Насловна / Вести / Renault си замина од Русија, но се е подготвено за враќањето на „Москвич“

Renault си замина од Русија, но се е подготвено за враќањето на „Москвич“

Некогашната московска фабрика на француската компанија Renault, до крајот на годината треба да започне со работа под името „Москвич“.  Подготвителните работи за стартување ан производството течат по планот, а до крајот на 2022 година ќе бидат произведени околу 600 автомобили, од кои 200 на електричен погон. Во  2023 година, компанијата ќе произведува најмалку 50.000 автомобили, а во 2024 година 100.000, од кои 20% ќе бидат електрични.

FILE PHOTO: Renault cars are parked outside a showroom in Saint Petersburg

Планирано е да се произведуваат пет модели под брендот „Москвич“: четири кросовери и еден седан. KAMAZ и управата на градот се договориле за паритетна распределба во капиталот на фабриката, односно вложувањето во износ од 5 милијарди рубљи. KAMAZ ќе делува како технолошки партнер на проектот. Определени се и насоки за креирање на руска единствена механичка платформа за возила, врз основа на која ќе се развива гамата на домашната автомобилска индустрија.

москвич2

 

Испрати коментар

Scroll To Top