Насловна / Вести / Toyota вложува 5,3 милијарди долари во производство на батерии

Toyota вложува 5,3 милијарди долари во производство на батерии

Производителите на автомобили ширум светот трошат милијарди долари со цел да го засилат производството на батерии и електрични возила поради построги прописи за заштита на животната средина. Јапонскиот производител на автомобили Toyota Motor, објави дека ќе инвестира 5,3 милијарди долари во производство на електрични возила во Јапонија и САД. Производството би требало да започне во периодот помеѓу 2024 и 2026 година.  Притоа, фабриките на Toyotа во Јапонија и компанијата Prime Planet Energy & Solutions, која е основана заедно со Panasonic Holdings, ќе добијат речиси 2,88 милијарди долари,  a Toyota Battery Manufacturing во САД речиси 2,3 милијарди долари.

toyotaEV1

Минатата година Toyota најави дека ќе вложи 57,68 милијарди долари во електрификација ан своите модели до 2030 година. Половина од тој износ планира да биде насочена во производството на електрични возила. Проценуваат дека до 2030 година, електричните возила ќе сочинуваат само една третина од нивната вкупна продажба.

 

Испрати коментар

Scroll To Top