Насловна / Вести / Одбројувањето продолжува, НАСА потврди дека денес ќе ја лансира својата најмоќна ракета

Одбројувањето продолжува, НАСА потврди дека денес ќе ја лансира својата најмоќна ракета

Најмоќната вселенска ракета треба да полета од Кејп Канаверал околу 14:30 часот. И покрај силните празнења на облаци во текот на викендот, НАСА потврди дека одбројувањето продолжува.

Полнењето со гориво е завршено, но метеоролошката ситуација над Флорида сè уште внимателно се следи. НАСА ќе го пренесува лансирањето во живо на социјалните мрежи.

Американската вселенска агенција соопшти дека тимовите продолжуваат со планираното лансирање во 14:33 часот (08:33 по локално време) од вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида.

Лансирањето на капсулата „Орајон“ на најмоќната ракета некогаш испратена во вселената е првиот чекор кон повторно враќање на луѓето на површината на Месечината.

Овојпат „Орајон“ нема да има екипаж, бидејќи мисијата е наменета, пред сè, како проверка на сите хардверски системи, особено на погоните и моторите на ракетата SLS.

наса_resize

Доколку лансирањето оди како што треба, мисијата „Артемис 1“ ќе трае шест недели, ќе заобиколи круг околу Месечината и ќе направи две прелетувања на околу 100 километри над површината на Месечината.

Следната мисија „Артемис 2“ е планирана за 2024 година и ќе носи екипаж, а во 2025 година треба да полета и мисијата „Артемис 3“, чија главна цел ќе биде повторно да се спуштат двајца астронаути на површината на Месечината, за прв пат по 50 години.

Испрати коментар

Scroll To Top