Новата анализа на Светската организација за заштита на природата (WWF) проценува дека 17% од населението на Европа и 13% од БДП би можело да се се соочат со високи до екстремни ризици од недостаток ан вода до 2050 година. Ваквото сценарио би се избегнало доколку владите и организациите за јакнење на отпорноста превземат итни и конкретни мерки.
Користејќи климатски и социо-економски сценарија во Water Risk Filter алатката на WWF, новата анализа покажува дека Европа ќе биде уште посклона на суши и недостаток на вода и така дава јасна слика за регионите во најголем ризик. Анализата го опфаќа целиот континент, и утврдува дека земји со највисок ризик се Грција (82% од населението ќе се соочи со висок ризик од недостаток на вода) и Шпанија (75%). Земјите во нашиот регион се во категоријата на многу низок или низок ризик по однос на овој проблем, но сепак за очекување е дека влијанието нема да остане изолирано само на економиите на најзагрозените земји.