Насловна / Вести / По Хрватска и Црна Гора планира да го укине данокот за фотоволтаици

По Хрватска и Црна Гора планира да го укине данокот за фотоволтаици

Црна Гора би можела да тргне по примерот на Хрватска и да го укине данокот на додадена вредност (ДДВ) за фотоволтаиците. Очигледно е дека државите во регионот настојуваат да го поттикнат инсталирањето на фотоволтаици на покривите на домаќинствата и компаниите, како едно од решенијата за справување со енергетската криза.

pdv1

Инаку, Хрватска прва во прегинот одлучи да го укине ДДВ на фотоволтаиците, со цел да ја забрза енергетската транзиција, а неодамна надлеќното министерство во Црна Гора соопшти дека има такви планови. Во Хрватска овој данок беше 25%, а во Црна Гора сеуште е на сила стапка од 21%. Компанијата Elektroprivreda Crne Gore (EPCG) стартуваше со програма Solari 3000+ за домаќинствата и Solari 500+ за компаниите, со цел да ја забрза инсталацијата на соларни електрани на покривите, и да им овозможи на потрошувачите да станат производители – потрошувачи (прозјумери).

Испрати коментар

Scroll To Top