Цените на електричната енергија на берзите во Франција веќе надминуваат 1000 евра по MWh, што е неверојатен раст во однос на просекот од околу 80 евра по MWh до крајот на 2021 година. До неодамна земјата беше извозник на електрична енергија а сега е увозник. Имено, голем дел од 56-те нуклеарки ќе обезбедат историски најниско производство поради бројни проблеми. Франција обезбедува околу 70% од енергијата токму од нуклеарки.
Обновливите извори на енергија се гледаат како излез, но инфлацијата и високите цени на суровините ги загрозуваат овие проекти. Поради таквото економско опкружување , загрозена е реализацијата на проектите за ветерни паркови со влкупна моќност од 5-6 GW и соларните електрани со моќност од 6-7 GW. Затоа, француската влада ќе им овозможи на сите нови електрани кои имаат склучени договори за разлика во цената (CfD) да бидат одложени на 18 месеци, со што на инвеститорите ќе им биде дозволено да ја продаваат еелктричната енергија на пазарот и да заработат десет пати повеќе од планираното. Втората мерка е сите проекти кои поминале на аукција да можат да го зголемат својот инсталиран капацитет за 40%.