Европската унија во јуни минатата година го усвои Законот за клима, според кој до 2050 година Европа треба да стане климатски неутрална, а до крајот на оваа деценија да ги намали емисиите на стакленички гасови за 55%. Овие емисии во ЕУ се намалиле за 32% од 1990 до 2020 година, а посебно во 2020 година е регистриран значителен пад поради пандемијата. Се очекува резултатите за 2021 година да покажат повторно зголемување на нивото на емисии.
Податоците од Европската агенција за животна средина (EEA), објавени од страна на Eurostat, покажуваат дека емисиите на стакленички гасови се намлуваат во повеќето сектори, освен во сообраќајот, вклучувајќи го и меѓународниот авионски сообраќај. Овој сектор забележува раст на емисиите за 50 милиони тони CO2eq, односно за 7% во 2020, споредено со 1990 година.