Porsche за Monterey Car Week 2022 произведе уникатен модел 911 Sally Special, кој е продаден на аукцијата на куќата RM Sotheby’s за милионски износ. Аукцијата била хуманитарна, а највисоката понуда изнесувала 3,6 милиони евра, што е рекордна сума за едно целосно ново Porsche.
Sally Special е резултат на соработката помеѓу Porsche и Pixar со цел „оживување“ на ликот на Sally од филмот Cars. Каросеријата е лакирана во уникатна Sally сина боја, а дизајнерите не ја изоставиле ниту скриената тетоважа под активниот страничен спојлер. Арматурната плоча, централната конзола и панелите на вратите се украсени со детали во споменатата боја, а специјалната карирана ткаенина исто така ја содржи оваа боја. Материјалот е присутен на седиштата, додека контраст прави кожата во боја на креда. Парите добиени од продажбата ќе бидат поделени на две хуманитарни организации.