Владата на Хрватска најави инвестиција од 180 милиони евра во проширување на капацитетот на пловечкиот терминал за течен природен гас (ТПГ) на Крк, како и изградба на нов гасовод. Терминалот на овој остров во северниот дел ан Јадранот, започна со работа во јануари 2021 година. Според најавите, неговиот капацитет е планирано да се зголеми за 2,6 милијарди метри кубни. Проектот опфаќа и вложувања во нов гасовод кој треба да ги поврзе градовите Злобин и Босиљево во северозападна Хрватска. Од вкупно планираните средства, 155 милиони евра ќе бидат наменети за новот гасовод, а 25 милиони евра за проширување на терминалот.