Насловна / Архитектура / Хотел со 10 соби на остров долг само 250 метри

Хотел со 10 соби на остров долг само 250 метри

Островот Hamneskär е едно од најживописните места во Шведска. Сместен е во архипелаг околу 5 километри оддалечен од западниот брег ан земјата и првиот град Marstrand. Поради ограниченоста на расположивиот простор, изложеноста ан ветер, но и недостаток на плодно земјиште, долго време се сметал за несоодветен за живот. Но кога овде бил изграден монументалниот светилник Pater Noster во 1868 година, со цел да обезбеди помош на морнарите при навигација, на островот почнала да се развива мала заедница.

patern1

patern3

Во прво време оние кои работеле на светилникот и нивните семејства изградите неколку куќи и живеела онака како што им диктирало морето. Светилникот е затворен во 1977 година и во целост бил напуштен. Но, во летото 2020 година, група ентузијасти го изнајмува островот од државата, го преуредила светилникот и го трансформирала во интересен хотел. Хотелот го добива името Pater Noster, има само 10 соби со прекрасен поглед на море, и е идеално место за сите оние кои сакаат накратко да се изолираат и да уживаат во мирот и тишината.  Има и ресторан кој служи шведски специјалитети од свежа риба и морски плодови. Цените за ноќевање се движат од 600 евра па нагоре.

patern4

 

Испрати коментар

Scroll To Top