Насловна / Вести / Нова студија укажува на негативното влијание на аерзагадувањето врз здравјето на децата

Нова студија укажува на негативното влијание на аерзагадувањето врз здравјето на децата

Познато е дека аерозагадувањето неповолно влијае врз човековото здравје, но тоа што е помалку познато е интензитетот. Бројни истражувања настојуваат да откријат какви здравствени последици остава лошиот квалитет на воздухот, а најновите анализи се спроведени од страна на истражувачите од Универзитетот „Дејвис“ во Калифорнија, САД. Истражувачкиот тим ги поврзал податоците за загадувањето на воздухот собрани од мониторинг станиците во областа Сакраменто во Калифорнија, со цел да го покаже лошото влијание на загадувањето на воздухот врз децата.

davis1

davis2

Студијата, објавена во часописот New Directions for Child and Adolescent Research, укажува на тоа дека децата кои биле изложени на поголема концентрација на фини PM 2,5 честички, кои можат да продрат во крвотокот, имаат покачени маркери на системско воспаление во крвта. Исто така, заклучиле дека зголеменото загадување на воздухот е поврзано со пониска срцева автономна регулација кај децата, која влијае врз брзината на отчукување на срцето. Истражувачите откриле дека децата можат да бидат посебно подложни на ефектите од загадувањето на воздухот, со оглед дека во споредба со возрасните, имаат поголема површина на белите дробови во однос на нивната телесна маса, а со тоа и поголем внес на загадувачки супстанции.

 

Испрати коментар

Scroll To Top