Насловна / Архитектура / Живот на океан: Паметни еколошки куќи

Живот на океан: Паметни еколошки куќи

Kомпанијaта Ocean Builders, ги претстави куќите во вид на еколошки капсули дизајнирани за живот на океанот. Направени се од еколошки материјали со примена на најнови одржливи зелени технологии. Понудата за ваква куќа има три архитектонски решенија, а проектирани се од страна на  холандскиот архитект Коен Олтиус. SeaPod е направен за живот на вода и има за цел да го реши проблемот со недостаток на простор на популарните дестинации. GreenPod е осмислена за живот на копно, а EcoPod е еколошки прифатлива опција.

seapod1

seapod2

Секој ден илјадници луѓе ширум светот патуваат кон 15 најголеми метрополи кои се наоѓаат во близина на брегот, а тој тренд ќе продолжи да расте“, истакнал извршниот директор на компанијата Ocean Builders. Секоја од луксузните куќички, има околу 80 квадратни метри станбен простор, а сместена е на три метри над водата. Внатрешноста на куќичките е поделена на три нивоа со панорамски прозорци и тераса со поглед на океанот. Куќичките ги нарекуваат и паметни капсули, кои имаат специјален софтвер преку кој станарите имаат можност да го контролираат осветлувањето, притисокот на водата, температурата и сл. Дронови се користат за испорака на храна и лекови. Постои и чамец за одвезување на отпадот и чистење на подрачјето.

seapod3

Испрати коментар

Scroll To Top