Корпорацијата Kia со новото признание на Red Dot „Победник“ за насоки за корпоративен дизајн, повторно ја потврди својата конкурентска предност. Kia CI Guideline е дизајнерски прирачник за доследно комуницирање на корпортивниот имиџ со клиентите ширум светот во согласност со новото усмерување и стратегија на брендот. Генијалните насоки ги опишуваат дизајнерските елементи ан брендот, како што се на пример логотипот, слоганот и видот на буквите. Од минатогодишното повторно лансирање, брендот Kia забрзано влегува во иднината со цел да стане „креатор на решенија за одржлива мобилност“.
Освоеното признание за насоки за корпоративен дизајн, ги одржува напорите на брендот преку дизајнот да ги претстави своите вредности и на купувачите да им пружи единствено искуство. Трите корејски сестрински марки од групацијата на Hyundai – Kia, Genesis и Hyundai Motor, овојпат освоија дури 8 дизајнерси награди Red Dot, а помеѓу другите и две најпрестижни награди „најдобри од најдобрите“ (Best of the Best) и шест награди „Победник“ (Winner). Овогодишниот настан Red Dot Award: Brand & Communication Design 2022 се одржа во германскиот дизајнерски центар во Северна Рајна Вестфалија.