Насловна / Архитектура / Шведски рецепт за одржлив дом

Шведски рецепт за одржлив дом

Швеѓаните се познати по својствениот стил на уредување на ентериери и одржливоста во дизајнот и дизајнерските производи, па затоа и не е за изненадување што токму од нив потекнува и еден несекојдневен концепт на одржливо домување, односно дом многу сличен на стакленик.

atri1

atri2

Станува збор за навистина единствена градба, во облик на A-framе, под името куќа Atri. Изведена е по проект на студиото Naturvillan и има фантастични станбени простори со високи тавани, а се простира на 120 метри квадратни. Животот во еколошки прифатливо опкружување во оваа градба добива потполно нова димензија. Овде се пружа можност за живеење во сопствен дом кој воедно е и градина, со оглед на флексибилноста просторот по потреба да се проширува.  Функционалноста секако била на прво место при проектирањето, но убавината на самиот дизајн исто така е извонредна.

atri3

atri4

Околниот дел на куќата и надворешната градина е формиран од самата природа. Природна светлина има во изобилие, а при проектирањето се земени во предвид и особеностите на пејсажот, но и врската со природата преку употребата на природни материјали. Освен одличниот архитектонски израз, ова е и климатски паметна куќа со соспствен систем за греење, сопствено производство на електрична енергија, вода и сл. како што истакнуваат архитектите, се работи за една од најодржливите и еколошки најприфатливите куќи на светот. Изградена е да функционира целосно вон мрежа,  а првенствено се потпира на фотоволтаици.

atri5

atri6

atri7

Стакленикот создава пријатна внатрешна клима во текот на целата година, а неговата цврста структура може да ги издржи сите временски услови. Долж целата јужна страна на куќата се протегаат гредички со растенија во облик на висечки градини и соодветни кутии. Во потпокривот, односно на терасата има низа кутии со разновиден зеленчук.

 

Испрати коментар

Scroll To Top