Насловна / Екологија / Од НАСА предупредуваат за рапидното топење на Антарктикот

Од НАСА предупредуваат за рапидното топење на Антарктикот

antarctic_peninsula_(c)_Erwin_Vermeulen_DSC_2536_1Рапидното топење на голем дел од ледената прекривка на западот на Антарктикот се чини не запира, а процесот би можел да доведе до уште поголем пораст на глобалното ниво на морињата од она што претходно се проценуваше.

Научниците предупредуваат дека климата се променила и дека човештвото ја поминало точката од која повеќе нема враќање. Научниците на НАСА  предупредуваат дека топењето на ледената прекривка на западниот дел на Антарктикот е незапирливо, откако ги проучиле податоците собрани во последните 40 години. Последното истражување покажува дека топлите морски струи довеле до верижна  реакција заради брзото топење на шест ледници кои се топат во Амундсеновото Море.

„Целиот систем стана една голема верижна реакција која е незапирлива, а секој нов процес со себе повлекува следен“, вели Ерик Ригнот, експерт од НАСА.

Испрати коментар

Scroll To Top