Изворот на реката Темза се поместил за околу осум километри низводно, за првпат во историјата на следењето на течението, поради, како што тврдат експертите, топлотниот бран.
Додека делови од коритото на реката во Глостершир редовно пресушуваат во текот на летото, експертите велат дека загрижувачки знак за влијанието на климатската криза е тоа што Темза почнува да тече – подолу низводно.
Информацијата за „поместувањето на изворот“ на Темза на исток доаѓа по неколкунеделни сушни периоди и температури кои достигаа повеќе од 40 степени во некои делови од Обединетото Кралство минатиот месец.
Кристин Колвин, една од директоркте на „Риверс Траст“, изјави: „Она што го гледаме на изворот на реката Темза, за жал, симболично е за ситуацијата со која се соочуваме ширум земја, сега, но и со која ќе се соочиме во иднина. Поместувањето на изворот е без преседан, а климатската криза води и ќе доведе до поекстремни временски услови, вклучувајќи суши и топлотни бранови. Ова претставува сериозна закана за реките и воопшто комплетниот релјеф“.
Организацијата „Риверс траст“ повикува на забрзано мерење на брзината на протокот на вода, одредување на степенот на намалување на протокот, апелира за поддршка на домаќинствата за намалување на употребата на водата, како што се поставување на тоалети со мал проток на вода и отвор за вода, одржливо наводнување.
Претседателот на парохискиот совет Џон Витвел рече дека плиткото речно корито во Сомерфорд Кејнс има тенденција да се исуши поголемиот дел од летото: „Го забележувам ова затоа што редовно шетам по патеката на Темза и моето куче сака да се капе што очигледно не може сега кога е суво.”
Реката Темза е долга околу 350 километри и во текот движејќи се кон исток од Котсволдс до Лондон – се влева во Северното Море. Таа е втората најдолга река во Велика Британија после реката Северн.