Насловна / Вести / Јавна консултација за изградба на експресен пат Ранковце – Крива Паланка

Јавна консултација за изградба на експресен пат Ранковце – Крива Паланка

Pat rankovce-kriva palanka
Во општина Крива Паланка денеска се одржа јавна консултација за проектната документација за реализација на проектот „Изградба на државен пат А2, делница Ранковце – Крива Паланка, на ниво на експресен пат“ во должина од над 20 километри.

Консултацијата ја организираа Јавното претпријатие за државни патишта и општина Крива Паланка, со цел запазување на делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти,  како и за детално запознавање на јавноста за плановите за реализација на проектот.

Финансиите за проектот се планира да се обезбедат од Светска Банка, според чии барања, во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти, уште во раната фаза на подготовка на документацијата, неопходно е да се одржат јавни консултации со засегнатите страни и локалното население на населените места долж делницата.

Според најавите од Владата,  делницата Ранковце – Крива Паланка ќе биде изградена на  ниво на експресен пат во должина од 22 километри и ширина од 12,5 метри. Изградбата треба да почне во 2016, а да заврши во 2018 година.

Испрати коментар

Scroll To Top