Веќе со години, Големиот корален гребен исчезнува. Научниците јасно предупредија дека мора да се направат радикални и драстични промени, кои се чини дека кончено почнуваат да ги даваат првите резултати. Според најновите истражувања, Големиот корален гребен во Австралија, после 36 години, во моментот има најголема количина на т.н корален покривач.
Според пишувањето на светските медиуми, промените се забележуваат во централниот и северниот дел, што е околу две третини на гребенот. Во јужниот дел, поради поголемиот број на морски ѕвезди, дошло до губење на коралниот покривач. На крајот од минатата година, дури 98% од Големиот корален гребен бил зафатен со избелување. Научниците тогаш се надевале дека во поладните подрачја ќе дојде до опоравување. Нивното идеално сценарио било коралите да преживеат во овие делови и потоа природно да ги распрашуваат своите ларви на оштетените делови. Пред минатогодишниот бран на избелување, Големиот корален гребен досега „преживеал“ три такви периоди кои се случиле во 2016, 2017 и 2020 година.
Големиот корален гребен се протега на 3.200 километри и може да се види од вселената. На листата на УНЕСКО како светско наследство се вклучува во 1981 година. Австралија избегна вклучување на Гребенот на листата на загрозено светско наследство ан УНЕСКО, откако најави дека ќе вложи околу 630 милиони евра на подобрување на состојбата на Големиот корален гребен.