Насловна / Архитектура / Римскиот Колосеум вреди околу 77 милијарди евра

Римскиот Колосеум вреди околу 77 милијарди евра

Колосеумот, легендарниот споменик на генијалноста и величественоста на стариот Рим, доби своја цена. Во извештајот објавен од финансиските консултанти на компанијата Deloitte LLP, се проценува дека „вредноста на оваа општествена знаменитост е околу 77 милијарди евра“.

Во него се одржувале јавни спектакли, борби со гладијатори и животни, симулации на битки, како и некои егзекуции на тоа време. Зданието е изградено од императорите од династијата Флавиј, па затоа е познат и како „Флавиев амфитеатар“.

k2

„Повеќето Италијанци се согласија со проценката на вредноста на Колосеумот“, велат финансиските експерти во извештајот.

Добиената бројка за вредноста на Колосеум, се заснова на повеќе фактори (приходи од продажба на билети, како и резултатите од истражувањето спроведено меѓу италијанското население, кое навело колку финансиски средства би вложиле за зачувување на „Флавиевиот амфитеатар“.

Повеќе од 90 отсто од вкупниот број на испитаници напоменале дека споменикот мора да се сочува „под какви било околности“, дури и ако тоа значи дека граѓаните треба да плаќаат за неговото одржување.

k1

„За вреден имот како што е Колосеумот, неопходно е да се повикаме на димензијата на вредноста која вклучува и материјално и нематеријално. Во оваа смисла, нематеријалната вредност на Колосеумот може да биде поголема од вредноста што се однесува на економската придобивка што може да ја остварува“, истакна Марко Вулпијани, раководител на одделот за проценка во Deloitte Central Mediterranean.

Колосеумот е завршен во 80 п.н.е. и е најголемиот амфитеатар во светот. Привлекува повеќе од седум милиони посетители и носи приход од околу 1,39 милијарди евра годишно.

Во извештајот се наведува дека Италија, која има голем број споменици кои се вклучени во културното наследство на УНЕСКО, може уште подобро да ги искористи.

Испрати коментар

Scroll To Top