Насловна / Вести / Генералното собрание на ОН, ја прогласи здравата животна средина за човеково право

Генералното собрание на ОН, ја прогласи здравата животна средина за човеково право

Генералното собрание на Обединетите Нации (ОН), прогласи дека секој на Планетата има право на здрава животна средина, што е важен чекор во борбата за зачувување на природата. Во усвоената резолуција, се истакнува дека климатските промени и деградацијата на животната средина се прашања кои бараат најитно решавање.

ун1

ун2

За усвојување на резолуцијата гласале 161 држава, меѓу кои и Македонија.  Иако таа не е правно обврзувачка за државите членки на Он, таа е важна затоа што нејзините заговорници веруваат дека ќе ги поттикнат државите во своите национални устави и регионални спогодби да го воведат ова човеково право. Inger Andersen, извршната директорка на Програмата на ОН за животна средина (UNEP), рекла дека оваа резолуција испраќа порака дека никој не смее да ја одземе природата, чистиот воздух и вода, или стабилната клима – барем не без борба. Иако речиси сите земји имаат национални закони насочени кон намалување на загадувањето, заштита на биодизверзитетот и сл., сепак тие не се имплементираат секогаш. Затоа, прогласувањето на здравата животна средина за човеково право ќе им овозможи на луѓето да се спротистават на политиките штетни за животната средина.

ун3

 

Испрати коментар

Scroll To Top