Секој што е авантуристички расположен и бара необични хотели, треба да го посети хотелот Kaggа Kamma во Јужна Африка. Во прашање се вистински пештери за релаксација и одмор сместени во нивните резерви, но уредени во луксузно издание. Kagge Kamma се наоѓа на 250 километри од Кејп Таун, има 10 соби, а сите се „расфрлани“ по горскиот масив на планинскиот венец Cederberg. Уникатни не само поради своите локации, но, исто така, и поради оригиналните пештерски цртежи кои се сочувани во внатрешноста.
Од секоја пештера се отвора живописен поглед кон планините и околните природни резервати, а за сите оние што сакаат да се поблиску до природата можат да ја резервираат Outcrop Open Air Room. Брачниот кревет и ноќното масиче се единствениот мебел на оваа соба на отворено, која од ветрот ја штитат високите камени гребени.