Француските компании Veolia и TotalEnergies ќе градат постројка за десалинизација на морската вода која ќе користи соларна енергија, во градот Сур во Оман. Постројката ќе се наоѓа покрај постоечкиот капацитет за десалинизација на Veoliа, кој обезбедува вода за пиење за над 600.000 жители.
Соларната електрана ќе има моќност од 17 MW и ќе се простира на површина од 130 000 m2. Ќе обезбедува производство од над 30.000 MWh електрична енергија годишно, со што ќе биде во ссотојба да покрие 1/3 од потребите од енергија на постројката за десалинизација. Електраната ќе има 32.000 фотонапонски модули и вграден механизам (tracker) за следење на Сонцето.
Проектот во целост е во согласност со стратегијата на Оман за 30% удел на обновливите извори на енергија до 2030 година, а исто така и во согласност со зелените и нискојаглеродните стратегии на двете француски компании.