Насловна / Вести / Нов систем на бушење на тунели, дури 100 пати побрз од стандардните?

Нов систем на бушење на тунели, дури 100 пати побрз од стандардните?

Американската стартап компанија Earthgrid развива робот за плазма бушење кој може да копа тунели дури 100 пати побрзо и до 98% поефтино од постоечките технологии. имено, најголем дел од тунелите денес се изградени со масивни, механички машини за ротационо бушење, а процесот е исклучително бавен и скап. Но, постои и друг начин – со помош на робот, односно т.н Rapid Burrowing Robot (RBR), кој се состои од повеќе плазма горилници поставени на големи дискови. На овој начин се разбиваат карпите и остатоците се собираат во количка поврзана со кабел.

earthgrid1

Но, станува збор за моќни горилници, за чија работа е потребна голема количина енергија, но сепак од компанијата уверуваат дека вкупните оперативни трошоци се пониски од класичните технологии, бидејќи нема потреба од замена и поправка на скапи механички компоненти. Што се однесува до брзината, Earthgrid тврди дека може да буши до 1km тунел дневно, што е 100 пати побрзо од постоечките технологии. Заради споредба, Boring Company на Илон Маск може да пробуши 0,24km дневно.

earthgrid2

 

Испрати коментар

Scroll To Top