Qeeboo повторно ја оживеа иконичната фотелја на Рон Арад инспирирана од Мики Маус.
Направена како ограничено издание во далечната 1988 година, фотелјата DFWTM (Don’t F**k with the Mouse) е повторно издадена за внатрешни и надворешни простори.
Првично креирана како иронично парче мебел чија силуета наликува на ушите на Мики Маус, оваа оригинална фотелја набрзо доживеа голема популарност и стана добредојден акцент во многу домови.
Родена како ограничено издание, pop-soul фотелјата на Рон Арад низ годините претрпе бројни метаморфози, од првите експерименти со фиберглас до лакирани, тапацирани и кадифени верзии.
Што е новитет кај ова реиздание? За почеток, седиштето на фотелјата е трансформирано во индустриски производ кој сега е достапен во две верзии.
Моделот резервиран за внатрешни простори е изработен од полиуретанска пена и е обложен со ткаенина, додека моделот резервиран за надворешна употреба е изработен од полиетилен, кој може целосно да се рециклира.
Официјалната презентација на новото издание на фотелјата DFWTM ќе се одржи за време на Неделата на дизајнот 2022 година.