Шведската компанија Candela тврди дека нејзините електрични чамци може многу да и помогнат на Венеција. Имено, на Венеција и се заканува деструктивен феномен (moto ondoso), предизвикан од брановите кои идираат во градбите поради минувањето на чамците низ градските канали.
UNESCO укажува на овој проблем и истакнува дека е потребно драстично да се намали ефектот од моторните чамци, па компанијата Candela овде ја гледа својата шанса. Електричните чамци Candela C-8 и P-8 Voyager се посебни по тоа што речиси не создаваат бранови, па токму тоа е огромна предност за нивно користење во Венеција. Овие чамци се проектирани од страна на стручњаци за авијација и дронови, а генерираат „трага“ од само 5 cm кога се движат со брзина од околу 55 km/h, така што е малку веројатно дека брановите ќе удираат од брегот, односно темелите на градот. Освен тоа, овие чамци пловат речиси без бучава.
Чамците на Candela можат да пловат 150 минути со едно полнење на батериите, а во иднина би можеле да се користат и надвор од Венеција. Производството на овие чамци почнува оваа есен, а тестирањето во првата половина на 2023 година.