Мате Римац, хрватскиот иноватор и претприемач, основач на Rimac Automobili инвестирал во првите виртуелни градини на светот крај Чазма -„Грунтек“. Тоа е негово прво вложување во „зелени“ решенија надвор од автомобилската индустрија. Ова вложување, чиј износ не е наведен, ќе се искористи за нова фаза во развој на градините во Хрватска, како и за подготовки за влегување на странските пазари. Станува збор за првите виртуелни градини во светот, кои им овозможуваат на корисниците преку web апликација дигитално да садат и да управуваат со градината, а потоа да уживаат во намирниците кои се одгледани според еколошки стандарди под будно око на технолог и земјоделци.
На крајот на 2020 година, „Грунтек“ прв се појави на хрватскиот пазар со вакво решение. Во ситуација на недостаток на доверлив извор за зеленчуци, како и време и простор за поединечно одгледување, идејата за неколку месеци станува стварност во околината на Чазма. Компанијата има големи планови за остварување на зелена и одржлива иднина. Покрај дополнителниот развој на услуги на хрватскиот пазар, подготвуваат план за ширење на странските пазари.
Основачот на „Грунтек“, Тино Просеник, истакнал дека новите генерации деца не знаат од каде доаѓаат доматите и краставиците на нивната трпеза, што е само една од причините кои објаснуваат зошто нивните најбројни корисници се семејсства со мали деца. „Децата уживаат на поседот на компанијата во природа на отворено и на уреденото детско игралиште, додека нивните родители подготвуваат скара со зеленчук од својата градина“, истакнува тој. Со прилагодување на деловниот модел, корисниците можат да се придружат за наем на градина во бло кој дел од сезоната. Покрај физички лица, за наем се пријавуваат и компании за хуманитарни цели или како дополнителен бенефит за своите вработени. Концептот се одликува со zero waste, zero plastic и минимален CO2 footprint.