Насловна / Вести / Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград доби нова фотонапонска електрана од 1MW

Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград доби нова фотонапонска електрана од 1MW

аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, ќе се снабдува со електрична енергија произведена од својата фотонапонска електрана со инсталирана моќност од 1 MW. Постројката се наоѓа во близина на аеродромскиот комплекс, на патот кон Сурчин. Се состои од речиси 3.000 фотонапонски панели распоредени на површина од 15.900 квадратни метри. Годишно ќе произведува околу 1.130.000 kWh електрична енергија.  Компанијата Vinci Airports која управува со овој аеродром, уште од 2018 година инвестира во проекти кои ја намалуваат емсиијата на стакленички гасови, а крајната цел е јаглеродна неутралност до 2050 година.

NT1

Во ноември 2020, аеродромот „Никола Тесла“ се придружи на Програмата за управување со емисиите на јаглерод диоксид на аеродромите (Airport Carbon Accreditation program – ACA), и има добиено сертивикат за „ниво 1“, додека сертификацијата за „ниво 2“ е во тек. Исто така, во тек е и имплементацијата на стандардот ISO 50001 за управување со енергија. На почетокот на оваа година, Аеродромот ја пушти во работа енергетската постројка со моќност од 44 MW, за производство на топлинска, електрична енергија и енергија за ладење, кое користи природен гас.

NT3

Испрати коментар

Scroll To Top