Насловна / Вести / ЕУ: 1,8 милијарди евра за 17 проекти за чисти технологии

ЕУ: 1,8 милијарди евра за 17 проекти за чисти технологии

Европската унија минатата недела вложи над 1,8 милијарди евра во 17 големи иновативни проекти во подрачјето на чистите технологии, со третиот круг на доделување на неповратни средства во склоп на Иновацискиот фонд.

innovation1

Неповратните средства ќе бидат исплатени од споменатиот фонд, со цел новите технологии да се воведат на пазарот ан енергетски интензивните индустрии, обновливи извори на енергија, инфраструктура за зафаќање и складирање на јаглерод диоксид, како и производство на клучни компоненти за складирање на енергија. Избраните проекти ќе се спроведуваат во Финска, Франција, Германија, Бугарија, Исланд, Холандија, Норвешка, Полска и Шведска, извести Европската Комисија. Овие 17 проекти се избрани во рамките на вториот повик за големи проекти, што значи дека нивните капитални трошоци надминуваат 7,5 милиони евра. Критериумите за селекција во прв ред биле фокусирани на редукцијата на емисии на стакленички гасови, иновативност на технологијата, но и истовремено подготвеност за комерцијална примена. Освен тоа, Европската инвестициска банка (EIB) однапред ќе избере и ќе помогне до 20 проекти со голем потенцијал, но кои во овој момент не се доволно развиени да конкурираат за неповратна помош.

innovation2

 

Испрати коментар

Scroll To Top