Насловна / Вести / Панели исполнети со алги би можеле да создаваат електрична енергија и кислород додека апсорбираат јаглерод диокисид

Панели исполнети со алги би можеле да создаваат електрична енергија и кислород додека апсорбираат јаглерод диокисид

Компанијата Greenfluidics со седиште во Мексико, ветува нови „зелени“ биопанели кои можат да обезбедат кислород и енергија. Биопанелите функционираат така што CO2 се “пумпа” низ водата која содржи алги. CO2 го користат алгите како фотосинтетски организми за одгледување и производство на сопствена храна. Дополнителна предност е што овие организми создаваат кислород кој може да се „зафати“ и да се ослободи во објектот каде се наоѓаат споменатите панели. „Зафатената“ топлина минува низ термоелектричен генератор за да се произведе електрична енергија која директно може да се користи за напојување на зградата.

algi1

Панелот може да произведе 328 KWh/m2 електрична енергија годишно, а во текот на летото помага во одржување на пониска температура во објектот, Сепак и покрај тоа што концептот е интересен, постојат многу ограничувачки фактори ан патот до комерцијалната примена – трошоците на инсталацијата, естетиката на вградениот панел, како и оперативните трошоци и трошоците за одржување.

algi3

Испрати коментар

Scroll To Top