Од април годинава, во Франција е забрането користење на било какви уреди за греење и ладење на надворешни простори како што се тераси на кафулиња, барови и ресторани и сл. Образложението зад оваа одлука е заштитата на климата и штедењето поради енергетската криза. Инаку оваа одлука требало да биде донесена уште пред пандемијата, но истото е одложено. Од друга страна, одредени француски единици на локална самоуправа имаат такви одредби уште од порано, но сега ваквото решение се применува низ целата земја. Казните за прекршување ан забраната изнесуваат 1500 евра.